ВИДЕО: Благојче Јаќимовиќ реизбран за претседател на ОО НСДП Куманово

Благојче Јаќимовиќ е реизбран за претседател на ОО НСДП Куманово на изборната конференција што се одржа пред два дена во Занаетчиски дом во присуство на 100 делегати. Избрани се и Извршниот и Надзорниот одбор на општинската организација.

„ОО на НСДП Куманово е еден од бастионите на НСДП, силна, сплотена и добро организирана општинска организација која е значаен политички чинител во градот“, рече во своето обраќање пред присутните, новоизбраниот претседател Јаќимовиќ, потенцирајќи дека како претседател на партијата во Куманово и член на Советот на општината ќе се залага Куманово да биде град на сите граѓани“, рече Благојче Јаќимовиќ, претседател на НСДП Куманово

Пред присутните делегати се обрати и претседателот на НСДП Горан Мисовски кој се осврна на актуелните политички збиднувања во државата и реорганизацијата на НСДП и организациското зајакнување на партијата по Конгресот кој се одржа пред една година, како и предизвиците со кои успешно се справува владеачката коалиција.

Коментари

коментар(и)