ВИДЕО: Благ пораст на бројот на тестираните за Ковид-19

Незначителен е бројот на ковид позитивни лица во Куманово перидов, информираат надлежните од Центарот за јавно здравје Куманово. Според Примариус д-р Весна Стефановска, од десет тестирани лица за Ковид -19 во последнава недела само тројца биле позитивни.

-Ние веќе неколку години континуирано вршиме молекуларна дијагностика со ПСР методата во реално време што значи во последните месеци сме имале драстично намалување во однос на претходниот период кога беше ковид пандемијата. Минатата недела –две да речеме имаме можеби лесно покачување на бројот на случаи десет заболени на неделно ниво, два –три на неколку дена. Повеќето доаѓаат со упати од матични  и сега во скоро време почна и инфективното одделение да ни праќа упати за тестирање на пациенти на ковид 19. Од тие десетина можеби тројца се позитивни, имаме доволно тестови во случај на зголемување на бројот на упатени пациенти дали од матични дали од општата болница, најчесто инфективно одделение, во случај на нов бран на ковид 19 ние ќе одговориме. Имаме тестови, персонал обучен, нема да имаме проблем. Го опфаќа и омикронот овие тестови што ги имаме, и некој понов тип, тестовите се поуниверзални на мутации на овој вирус, изјави Примариус д-р Весна Стефановска, Центар за јавно здравје Куманово

Од Центарот за јавно здравје Куманово велат дека можат да одговорат на потребите на градот доколку има зголемување на упатени пациенти без разлика дали доаѓаат од општата болница или преку „Мој термин“.

 

Коментари

коментар(и)