ВИДЕО: Гимназијалците на висина на задачата со претставата „Тој мое срце лупа за тебе“

Матурантите од гимназијата „Гоце Делчев“ вчеравечер ја изведоа претставата „Тој мое срце лупа за тебе“ во режија на Евгенија Петрушевска, под менторство на професорката по македонски јазик Соња Тодоровска. Претставата е работена според фимот „Лаење на ѕвездите“. Присутните во кумановскиот центар за култура уживаа во претставата. Собраните средства на иницијатива на учениците ќе бидат донирани за лекување на малата Теодосија Лазаревска. Професорката Тодоровска посочува дека матурантите своето образование го крунисале со уште една прекрасна драмска претстава.

-Знаењето, хуманоста и креативноста отсекогаш биле одлики на нашите матуранти и на големите луѓе. Моите актери ја одушевија кумановската публика со својот талент, сериозност и емоција, нè насмеаја, нè замислија, нè пофалија за секоја лекција, за секој убав збор и за секој ден поминат во училишните клупи. Посебно сум горда на иницијативата која дојде од моите ученици сите средства собрани од билетите да ги донираме во хуманитарни цели, за Теодосија Лазаревска. Во преполната сала сите срца нека чукаат во ритамот на љубовта, хуманоста, драмата, музиката и уметноста, сите срца чукаат за Теодосија, изјави Соња Тодоровска, проф. и ментор во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“

Учениците, според неа, креираа општествена вредност во локалната заедница, со креативниот начин на изразување го менуваат светот според вистинските вредности. Претходно, кумановските ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ учествуваа на првиот фестивалот на гимназиски драмски претстави од Србија и регионот и ја играа претставата „Нашата Коштана“. Тодоровска веќе 15 години работи на претстави со ученици од гимназијата „Гоце Делчев“.

МИА

 

Коментари

коментар(и)