ВИДЕО: Електронска книга со творби на ученици во ООУ „Кочо Рацин“

Членовите на литературната секција во основното училиште „Кочо Рацин“ под менторство на наставничката по македонски јазик Весна Тодоровска изработија електронска книга од творбите кои што ги пишувале во текот на образованието од шесто до деветто одделение. Песните кои што се вметнати во електронската книга се творби на учениците со кои што учествувале на разни литературни натпревари, конкурси и освојувале награди, вели наставничката Тодоровска, под чие раководство е Книжевниот клуб „Креативо“.

-Во тековнава година пријавивме проект во училиштето кој што го нарековме „Јас низ стих и ред“, сите творби селектирани, добро средени, лекторирани полека една по една ги вметнавме во една убава електронска книга, се прилагодивме на новото време, она што го бараат младите. Пишуваа за љубовта, за татковината, за нашиот патрон, пишуваа за водите кои што ги водат во средното училиште, за јунаците од нашата историја, за училиштето, за семејството, за се она што нив ги мачи, ги инспирира и на крај добивме еден убав производ наречен електронска книга посветена токму на оваа генерација ученици 2019-2023 година ,изјави Весна Тодоровска, наставник по македонски јазик

Учениците имаа можност неделава своите творби да ги презентираат пред родителите, наставниците и директорката на училиштето на литературен настан организиран во училиштето.

Наставничката Тодоровска повеќе од две децении е во образованието со постигнати одлични резултати во својата работа со голем број на генерации. Се надева дека успеала да им даде вистински насоки на учениците како да го сакаат и пред се, да го негуваат мајчиниот јазик.

-Задоволна сум, можеби и презадоволна, се надевам дека успеав да изградам добри личности на кои што им го споделив мајчиниот јазик, на кои што им дадов насоки како да го сакаат и како да го негуваат пред се, мајчиниот јазик, меѓутоа искрено се надевам дека љубовта кон книгата и пишаниот збор ќе им остане како вродено нешто и дека можеби ќе продолжат и понатаму да пишуваат. Искрено да кажеме писатели се раѓаат, писатели се создаваат, и добар лекар може да биде писател и поет, и добар инженер може да биде писател и поет, значи литературата дава прекрасни можности за сето она што не мачи и што е тука некаде во нас длабоко да го изнесеме на површината токму преку пишаниот зборм, изјави Тодоровска.

Основното училиште „Кочо Рацин“ неодамна го прослави и својот патронен празник со богата културно-уметничка програма.

 

Коментари

коментар(и)