ВИДЕО: Зголемен интересот за субвенциите за приклучок за гас

До 31 октомври годинава кумановци имаат можност да аплицираат за надоместување на трошоци за домаќинства за изработена проектна документација за приклучок за надоместок за дистрибуција на природен гас за извршен приклучок на системот. Субвенцијата од Владата е во износ до 25 илјади денари, а дополнителна субвенција за приклучокот во износ од 15 илјади денари обезбеди и општината.

Надлежните од јавното претпријатие „Куманово Гас“ и дел од советниците на последната седница на Соевтот ги повикаа граѓаните да направат приклучок и да аплицираат за субвенциите коишто ги доделува Министерството за економија и општина Куманово. Според надлежните, на товар на граѓаните би биле само 9.000 денари од вкупно  49.200 денари, колку што чини еден приклучок.

Директорот на ЈП „Куманово гас“, Марко Митровски појаснува дека субвенцијата се доделува по принципот прв дојден – прв услужен. Поднесените барања од граѓаните ќе се разгледуваат од 31 октомври до 31 ноември годинава. Средствата од државата за субвенционирање на приклучокот за гас ќе бидат пуштени директно на сметките на клиентите до крајот на годинава, а општината субвенциите ќе ги уплати на сметка на претпријатието.

Коментари

коментар(и)