ВИДЕО: Изложба на Детска школа за ликовна уметност „Мини уметници“

Во Уметничката галерија вчера беше одржана изложба на Детска школа за ликовна уметност ,, Мини уметници”. Часовите по креативно цртање беа организирани од младиот академски уметник по графика Дарко Петковски во училиштето за странски јазици ,,Селект”. Програмата беше наменета за деца од 6 до 10 години и опфаќаше разновидни техники и теми прилагодени за нивната возраст, кои разбудија голем интерес и креативност кај децата, а воедно и родителите изразија големо задоволство поради оваа прилика нивните деца да се едуцираат и да создаваат на еден поинаков неформален начин.

„Ликовната уметност, заедно со музиката и спортот според многу истакнати педагози се најпотребни вештини и активности за правилен духовен, интелектуален и физички развој, а посебно кога тоа е слободен и личен избор на детето. Вакви часови се нешто ново кај нас и разбудија интерес и желба и кај децата и кај родителите за следната школска година“, истакна Петковски.

Коментари

коментар(и)