ВИДЕО: Инвестиција од 65 милиони денари во СВР Куманово

Реконструирани се сите полициски објекти на Секторот за внатрешни работи Куманово изминатите шест години со инвестиција на МВР од 65 милиони денари, информираше министерот Оливер Спасовски при посетата на Куманово. Реконструирани се и објектите на сите организациони единици при СВР Куманово, во Ранковце , Старо Нагоричане, Кратово и Одделението за внатрешни работи Крива Паланка.

Освен во полициски објекти, Владата изминатите години инвестираше и во капитални проекти во Куманово, потенцираше министерот.

Коментари

коментар(и)