Традиционално и годинава Денот на ослободување на Куманово – 11 Ноември ќе се одбележи со голем концерт на градскиот плоштад, а познато е и кој ќе настапи.
Акцент годинава е ставен на помладата публика, па така, како што информираа надлежните од Фондацијата за култура и спорт, ќе настапат Мартинијан Кириловски, Пајак и Лара, дуото ДНК и Туна.
Концертот како и секоја година ќе се одржи на 10-ти ноември во предвечерието на празникот на градот. За концертот се издвоени еден милион денари од општинскиот буџет.