ВИДЕО: Коцевска: Младите знаат што е најдобро за младите!

-Во изминатите години, Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реализираше низа мерки и младински политики, со кои се подобри статусот на младите луѓе во сите сфери од општественото живеење.

Како движечка сила и носители на промените во нашето општество, една од главните цели на оваа Влада беше да ја зголеми довербата кај младите луѓе дека тука, во родната земја, можат да имаат сигурна и извесна иднина. Дека нивната татковина ќе направи се’ за нивниот глас дадопре до институциите. Дека младинските политики кои ќе донесат подобра иднина ќе бидат креирани заедно со младите.

Постигнатите резултати кои се видливи и мерливи, потврдуваат дека на тоа поле Владата направила многу што и дека во буквална смисла на зборот, станала вистински и искрен партнер на младите:

Намалена е невработеноста кај младите, младите луѓе добија можност да се вклучат во процесите на одлучување и да креираат општество по сопствена мерка;

Со програмата Гаранција за млади, со која Македонија е единствената држава надвор од ЕУ во која се спроведува оваа мерка, младите се вклучија на пазарот на трудот. Со стапка на успех од 41 процент, што е за 10 отсто повисоко од европскиот просек, само минатата година повеќе од 18.000 млади луѓе беа дел од Програмата;

За прв пат во историјата на нашата земја донесен е Законот за младинско учество и политики, со кој се дефинирани формите на младинско учество и претставување, отворање на младински центри, канцеларии за млади, службеници за млади, буџет, сервис и политики за млади;

Воведен е младински додаток, грантови за млади земјоделци и поддршка за информатичка технологија и дигитални вештини;

Идните академски граѓани добија субвенциониран студентски оброк;

Над 2.700 студенти – корисници на стипендија, добиваат двојно повисоки стипендии;

Реновиран е студентскиот дом „Гоце Делчев“, а во тек е реконструкцијата на „Пелагонија“ и „Кузман Јосифоски-Питу“.

Почитувани млади,

Она во коешто со сигурност можеме да ве увериме, е дека своите младински политики Социјалдемократскиот сојуз на Македонија секогаш ќе ги гради и реализира заедно со младите, дека внимателно ќе го слуша гласот на младите луѓе, водејќи се притоа од максимата -Младите знаат што е најдобро за младите, рече Драгана Коцевска од СДММ Куманово

 

Коментари

коментар(и)