ВИДЕО: „Кумановска суџуклијада“ утре во Касапски круг

Во организација на Здружението на угостители „Бисер“, првпат во Куманово ќе се организира гастрономската манифестација „ Кумановска суџуклијада“, со цел да го промовира најпознатиот кумановски бренд, суџукот.  поддржано од компании од месопреработувачката индустрија од градот. Утрешната целодневна забава ќе започне во 15 часот во добро познатиот за кумановци Касапски круг, а ќе трае до крајот на работното време на угостителите. За музичко-забавната програма ќе се погрижат тамбурашкиот оркестар Ѓезме, групата Солуш, Бени и Нон-стоп. Водители ќе бидат Ивана Алексовска и Бошко Тасиќ.

„Манифестацијата ќе има и хуманитарен карактер, односно на повеќе места ќе бидат поставени кутии за донација, а собраните средства ќе бидат  наменети за санација на просториите на Центарот за индивидуална работа со деца со попреченост „Инклузива“, информира Тони Димитриевски, претседател на здружението на угостители „Бисер“ .

 

 

Коментари

коментар(и)