ВИДЕО: МОС сертификати за најдобрите ученици

Во Општина Куманово денеска беа доделени сертификати за ученици од основни и средни училишта од градот, кои беа дел од проектот за унапредување на дигитална писменост на младите од 13 до 22 години. Тие се стекнаа со  МОС сертификати (Microsoft Office Specialist).

Од извршени педесет тестирања на општинскиот натпревар, шестмина ученици од градот учестувваат на националниот МОС натпревар.Натпреварот го организираше CertiAdria преку тестинг центарот E-НЕТ.

Ученикот Леонид Петковски од техничкото училиште ,,Наце Буѓони’’ освои прво место со што се стекна со можност да се натпреварува на светскиот МОС натпревар во Орландо, Флорида – САД.

Коментари

коментар(и)