Во организација на општинската организација на Црвениот крст и советот за детско престапништво се одржа трибина по повод 18-ти октомври, Европскиот ден на борбата против трговија со луѓе.
На трибината учествуваа ученици од основни и средни училишта од Куманово. Беше истакнато дека најдоброто оружје во борба против трговијата со луѓе, е добрата информираност, подигањето на јавната свест и пријавувањето.
Во земјава се уште постои ова модерно ропство. Најчести жртви се децата и жените.