ВИДЕО: Одбојкарите на „Христијан Т. Карпош“ најдобри во Куманово

Во училишната спортска сала во основното училиште „Кочо Рацин” денеска се одржа последното натпреварувачко коло од општинската лига во ОДБОЈКА (машки) за основните училишта, во организација на Општинскиот сојуз на спортови Куманово и Општинскиот сојуз на училишен спорт. Најдобра на ова натпреварување е екипата од  училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“,  второ рангирана е екипата на „Толи Зордумис“,  а трето место освои училиштето „11 Октомври“.  На најдобрите ученици и наставници им беа доделени медали и пехари.  Повеќе за денешниот спортски настан од изјавите во продолжение.

Коментари

коментар(и)