ВИДЕО: ОУ „Вера Которка“ го одбележа патрониот празник

Со богата културно уметничка програма основното училиште „Вера Которка“, во село Клечовце го одбележа патрониот празник. Ученици, вработени, претставници од општината, секторот за образование, и други установи положија свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Вера Трајковска Которка, а потоа присустваа на свечена приредба.

За значајните достигнувања училиштето додели пофалници за наставниците Марија Стаменковска, Ивана Ѓоргиевска, Марија Стојановска, Ивана Миљуш Трајковска, Ивана Стојковски и Бојана Доневска. Директорката Аскелиевска одаде признание и на долгогодишната работа на учителката Јадранка Додевска, која годинава оди во пензија.

Изрази и благодарност до родителите за успешната соработка, како и до локалната самоуправа и градоначалникот за изградба на спортското игралиште.

Коментари

коментар(и)