ВИДЕО: Планинарскиот клуб „Козјак 2013“ одбележа десет години постоење

Членовите на здружението за планинарење заштита на планината ,,Козјак 2013″ вчера го прославија јубилејниот 10-ти роденден во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Роденденот беше одбележен со искачување на нивната матична планина Козјак од Враготурце до Китка, а учествуваа околу 250 планинари од повеќе градови од земјава и од Србија. Клубот додели и посебни признанија на основачите на ова планинарско друштво и на сите досегашни негови претседатели.

-Најголемиот успех во нашиот клуб е тоа што сите луѓе кои што ќе дојдат барем еднаш со нас остануваат како членови затоа што на некој начин таа планина им го менува животот на луѓето, значи не е битно на колку планини сме биле и на која висина сме се искачиле битно е дека некако квалитетот на животот на луѓето им се менува на подобро и тоа дружење, запознавање на нови луѓе, уживање во природата, а ние имаме навистина да се пофалиме со прекрасни планини и тоа време поминато со тие луѓе во оваа наша преубава Македонија, тоа е најголемиот наш успех, изјави Ангела Петковска, ЗПЗП „Козјак 2013“

Следната активност на планинарскот клуб „Козјак“ е искачување на Шар планина во чест на загинатиот планинар, Миодраг Спасовски – Мио. Членовите на Здружението „Козјак планинарат секоја недела. Изминатиот месец планинарите се искачуваа на Титов врв, на врвот Бесна кобила, на Даутица, на Скопска Црна гора и сл.

Коментари

коментар(и)