ВИДЕО: Претставници на ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ во студиска посета на Словенија

Претставници на менаџерскиот тим на Државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ од 20 до 24 ноември беа во студиска посета на Меѓукомпаниски едукативен центар Школски центар во Нова Горица, Словенија. Студиската посета е организирана со цел учесниците преку размена на искуства да се запознаат со добрите практики на Школскиот центар, развојот на идеи и унапредување на своите вештини.

Во рамки на посетата, биле посетени неколку училишта за стручно образование и образование на возрасни, училишни лаборатории, кабинети и училници.

Двата центри потпишале и меморандум за соработка, кој е основа за идни значајни иницијативи. Посетата беше организирана како дел од швајцарскиот проект ,,Образование за вработување” .

 

Коментари

коментар(и)