ВИДЕО: Се бара решение за затоплување на училишните спортски сали

Со приклучување на училишните спортски сали на гасификациката мрежа или со поставување на топлотни пумпи во спортските објекти, кои што се многу поекономични од потрошувачката на електрична енергија, во иднина би можел да се реши проблемот со затоплувањето на училишните сали кои што се изградени дополнително и се надвор од училишните згради, смета раководителот на Секторот за образование во општина Куманово, Александар Јовановиќ. Тој има сознанија дека во дел од училишните спортски сали и покрај стартот на грејната сезона, како и претходните години наставата по физичко и здравствено образование се изведува во студени простории, но, според него дополнителните грејни тела меѓу граѓаните познати како тајфуни освен што се огромни потрошувачи на електрична енергија, тие се и небезбедни за учениците.

-Има училишни спортски сали кои се изградени многу подоцна од училишните згради и нормално дека училиштата имаат централно греење без разлика кој енергенс за затоплување користат, меѓутоа таа котлара која е ставена во функција не може да ги затопли и дополнителните простории изградени, тоа се огромни простории бидејќи станува збор за спортски училишни сали. Она што е втор сегмент во овој дел, нормално дека директорите се тие одговорни и тие се застапувачи на правните на правните субјекти, во овој случај основните училишта. Енергетската криза која ја поминавме минатата година го зема данокот и сега, до пред стартот на грејната сезона се исплаќаа енергенсите за претходната учебна година, а втор аспект е ширење на гасификационата мрежа. Во оние училишта каде што можеше да се приклучат тие спортски сали, ги приклучивме на гас, успеавме да ги ставиме во функција и тие спортски сали, меѓутоа во училиштата кои не можат да се вклучат имаме проблем и тука директорите внесуваа дополнителни грејни тела или како што ги нарекуваат тајфуни, меѓутоа во ваква ситуација, и минатата година на енергетска криза која мислам дека ќе продолжи и сега, и тоа како се големи потрошувачи на електрична енергија и сметам дека тие тела се и небезбедни за учениците, затоа се изведува настава, не велам дека е исправно, меѓутоа со овие тела дополнително се оптоварува и онака исцрпените тенки наменски блок дотации за училиштата и ова е сериозен проблем за кој треба да размислуваме во иднина за побрзо ширење на гасификациона мрежа или начин на внесување на топловодни пумпи како на затворениот пливачки базен, рече Александар Јовановиќ, раководител на Сектор за образование во општина Куманово

Раководителот Јовановиќ потенцира дека исклучиво директорите на училиштата во соработка со училишните одбори донесуваат одлука дали ќе се користат грејни тела во училишните спортски сали кои што се одделени од училишните згради или пак, основците ќе изведуваат настава по физичко и здравстевно образование во незагреани, студени простории, па дури и кога температурата во зимски услови е под 0.

Коментари

коментар(и)