ВИДЕО: Се уште трае огласот за субвенционирање на трошоци за комуналии

Општина Куманово односно Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на деца и здравствена заштита повторно го објави огласот за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2023 година.

Согласно програмата предвидено е поволноста да ја користат 450 лица. Но со оглед дека бројот не е целосно исполнет, односно во моментов ја користат над 370 лица, повторно се повикуваат заинтересираните кои ги исполнуваат критериумите да поднесат барања.

Право на субвенционирање можат да остварат самохрани родители, стечајни работници, згрижувачки семејства, деца без родители и родителска грижа, лица со попреченост со навршени 26 години, најдоцна до 65 годишна возраст, приматели на право на социјална сигурност за стари лица, односно над 65 години.

ПОВЕЌЕ ВО ВИДЕОТО ПО 18 ЧАСОТ!

Коментари

коментар(и)