ВИДЕО: „Скриена убавина“ – проект на музејот и ЛАГ Абер 2015

Манастирот во Матејче и џамијата во Табановце, два сакрални објекти од поширокиот кумановски регион се опфатени во проектот „Скриена убавина“ на НУ Музеј Куманово и ЛАГ Абер 2015. Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче и „Коџа Мехмет Беј“, џамијата во Табановце се заштитени со закон.  Имаат културно, историско значење, ликовно, архитектонско значење, сестрано од повеќе аспекти.  Но, важно е до двата споменика да има пристапен пат, сметаат од кумановскиот музеј.

 

Коментари

коментар(и)