Незадоволителен е интересот за примање на ХПВ вакцината кај децата, информираа надлежните од Здравствен дом Куманово. Лекарите велат дека од мај годинава, деветвалентната вакцина против ХПВ е достапна за сите, и за девојчињата и за момчињата. Целта на вакцинирањето е девојчињата да се заштитат од карцином на грлото на матката, а кај момчињата, да се спречи да ја пренесуваат инфекцијата и да бидат заштитени.
Инаку, според податоците околу 150 жени годишно се разболуваат од карцином на грло на матка.