ВИДЕО: Социјалдемократите од Куманово со традиционалниот празничен пикник

„Дозволете ми во мое лично име и во името на oпштинската oрганизација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од  Куманово,  Вам лично и на сите граѓани на Општина Куманово, да Ви упатам срдечни честитки по повод 11 Октомври – Денот на Народното Востание!

Пред 82 години, знајни и незнајни борци, со визија за слободна, независна и просперитетна Македонија, во Куманово и Прилеп ја почнаа народно-ослободителната борба.

11 Октомври е ден од Македонската историја, кој не само што е симбол на Македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност.

Благодарение на овие луѓе денес можеме слободно и рамноправно да одиме по патот на европските и евроатлантските интеграции како врвен приоритет во развојот на нашата држава.

На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народно-ослободителното  востание.

По тој повод и оваа година oпштинската организација на Социјалдемократски сојуз на Македонија од Куманово на 11 Октомври (среда) во чест на големиот празник 11 Октомври -Денот на народното востание ќе организира традиционален празничен пикник кој ќе се одржи на фудбалското игралиштена Спомен Костурницата во Куманово, со почеток во 12.00 часот.

На празничниот пикник, ги поканувам сите наши граѓани, членови и симпатизери на Социјалдемократски сојуз на Македонија заедно да го празнуваме 11-ти Октомври.

Нека ни е честит и вековит празникот 11 Октомври– Денот на Народното Востание!„, рече Александар Арсиќ, претседател на ОО на СДСМ од Куманово на денешната прес-конференција на Спомен Костурница.

Коментари

коментар(и)