Ова е инцидентен случај со крајна цел – користољубие. Над 100 полициски службеници работеа интензивно од првиот момент на пријавувањето и продолжуваат понатаму и ова нема врска со јавната безбедност , генерално, рече на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посветена на убиството на 14-годишното девојче. Министерот Спасовски потврди дека осомничениот за извршување на двете убиства на 30 ноември ја напуштил државата и за него ќе биде издадена и меѓународна потернцица. Вања била грабната со врзани раце и нозе од влезот на зградата во која живеела. Од таткото на Вања осомничените ја добиле информацијата кога девојчето ќе излезе од дома само.