ВИДЕО: Српската амбасада обезбеди учебници и лектири на српски јазик за гимназијалците

Гимназијалците од српската паралелка денеска добија учебници и лектири на својот мајчин јазик. Книгите ги обезбеди Амбасадата на РС во Македонија во соработка со Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на заедниците. Амбасадорката Невена Јовановиќ при посетата на училиштето истакна дека Република Србија секогаш ќе им помага на припадниците на српската заедница во Македонија.

– За мене беше многу емотивно да ги запознаам учениците кои што учат на српски јазик и ја искористивме оваа можност во име на Амбасадата на РС и во име на Управата за дијаспора и соработка со Србите во регионот да донесеме одредени подароци на учениците во училиштето, а тоа се одреден број на учебници на српски јазик и одреден број лектири на српски јазик кои се надевам дека нивните училишни денови ќе им ги направат уште поубави и поуспешни. Учењето на српски јазик е важен дел во зачувување на српскиот идентитет и ја користам оваа прилика да се заблагодарам првенствено на гимназијата за можноста за изучување на српскиот јазик, да се заблагодарам на директорката на Управата за унапредување на образованието на јазиците на малцинските заедници, на нејзиниот личен напор и придонес во нашата успешна соработка. РС е благодарна на РСМ за све што прави за српската заедница која живее овде, а ние како матица секогаш ќе ги помагаме припадниците на српска заедница, а особено овие млади и перспективни луѓе бидејќи иднината е нивна, изјави Невена Јовановиќ, амбасадор на РС во Македонија

-Постојат три училишта во кои наставата се изведува на српски јазик во РСМ, основното училиште „Браќа Рибар“ во село Табановце каде што децата имаат можност да следат настава на срспки јазик до петто одделение потоа продолжуваат на македонски, училиштето во Чучер Сандево  „Кирил и Методиј“ каде што, исто така учениците следат настава на српски јазик и третото основно училиште е во Старо Нагоричане, „Светозар Марковиќ“ од прво до деветто одделение. После долги години се случи минатата година, учебната  2021-2022 гимназијата „Гоце Делчев“ да отвори една паралелка на српски наставен јазик, тоа е за почит и ги поздравувам сите родители кои што ги поттикнаа своите деца да следат настава на српски јазик. И оваа учебна година имаме запишано четири ученици кои што ја следат наставата на српски јазик во прва година. Се соочуваа со проблеми и затоа што работев овде и како директор на Управата бев во контакт со професорката по српски јазик Ана Трајковска која изрази желба и потреба за децата да имаат учебници на српски јазик по наставните предмети. По тој повод се обратив до Амбасадата, наидов на отворени врати и остваривме соработка и денеска амбасадорката Невена Јовановиќ е тука и донесе учебници на српски јазик за да децата имаат поквалитетно образование на српски јазик, изјави Розита Благоевиќ, директор на Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на заедниците.

Првпат после 55 години оваа учебна година се обновува наставата на српски јазик, посочи помошник директорката на гимназијата „Гоце Делчев“, Валентина Арсиќ.

-Ние секоја година на крајот на учебната година правиме промоција во основните училишта во Куманово и пошироко и секако дека имавме промоција и за паралелката на српски јазик, особено во училиштата каде што српскиот јазик се изучувал од прво до деветто одделение. Станува збор за училиштето во село Табановце и училиштето во Старо Нагоричане. Направивме екипа од професори кои предавата во српската паралелка, бевме во училиштата, меѓутоа за жал, интересот се уште не е голем и ги охрабрувам родителите да ги поддржат и поттикнат своите деца да го продолжат образованието на својот мајчин јазик. Родителите се некако скептици бидејќи првпат после 55 години се обновува оваа настава на српски јазик во гимназијата и се јавува некако сомнеж како учениците ќе се снајдат понатаму  во изучувањето на српски јазик, но ги охрабрувам бидејќи тие подоцна можат да го продолжат образованието во РС, не мора студираат во нашата држава и ова секако ќе им биде од помош бидејќи голем број ученици од гимназијата го продолжуваат своето образование во РС на престижните универзитети, изјави Арсиќ.

„Гоце Делчев„ е единствената гимназија во државата во која постои можност целодневната настава да се одвива и на српски јазик.

Коментари

коментар(и)