ВИДЕО: Утре резултати од запишувањето и слободните места во средните училишта

195 ученици се пријавиле за упис во прва година во техничкото училиште „Наце Буѓони“, според податоците од електронското аплицирање, 165 полуматуранти го избрале гимназиското образование и 130 ученици своето образование ќе го продолжат во една од струките во „Перо Наков“. Во „Киро Бурназ“ засега има пријавено 120 ученици на македонски наставен јазик и 53 ученика на албански наставен јазик. Наставниците очекуваат слободните места во училиштата да бидат пополнети во второто пријавување во јунскиот рок.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Второто пријавување на учениците за упис во средно образование ќе биде на 27 јуни  до 24 часот и на 29 јуни до 10 часот.

За упис во прва година во средните училишта во општините Куманово и Липково има слободни места за вкупно 2298 ученика. Од нив 2128 се за во четирите кумановски училишта, а 170 места во липковската гимназија.

Според  конкурсот на Министерството за образование и наука(МОН), најмногу ученици вкупно 637 ученика во 19 паралелки можат да се запишат во техничкото училиште „Наце Буѓони“.

Останатите стручни училишта во Куманово „Перо Наков“ и „Киро Бурназ“ ќе ги отворат вратите за 529, односно 384  ученика.

Во Гимназијата „Гоце Делчев“ има место за 340 ученика во 10 паралелки и тоа една  на српски јазик, една билингвалната паралелка со настава на македонско-француски јазик и останатите 272 поделени во 8 паралелки со настава на македонски јазик.

 

Коментари

коментар(и)