ВИДЕО: ЈП „Пазаришта“ оствари добивка

Јавното претпријатие „Пазаришта“ работело со добивка во периодот април – јуни годинава, покажува финансискиот извештај за работата на претпријатието. Како што беше посочено на вчерашната седница, станува збор за добивка во износ од 34.856 денари, но она што повеќе ги интересираше советниците се расходите, особено трошоците од 53.645 денари за отпис на побарувања, расходите за сметководствено – финансиски услуги, трошоците за Агенцијата за привремени вработувања и за какви профили станува збор, но и дали во претпријатието има вработено правник со положен правосуден испит и лиценциран економист кој би ја изготвил завршната сметка на „Пазаришта“.

В.д директорот Гзим Кадриу пред советниците рече дека работи согласно законот, четворица од вработените преку Агенцијата за привремени вработувања се државни службеници, тројца хигиеничари, нема вработенo правник со правосуден испит и лиценциран економист заради намалување на трошоците на „Пазаришта“. Наместо вработувањата на конкретните профили да го чинат на годишно ниво околу 1.600.000 денари, за истата услуга се ангажираат од надворешни соработници (лиценцирани правници, економисти), а претпријатието троши многу помалку пари, вели Кадриу.

Коментари

коментар(и)