ВИДЕО: „Љубовна терапија“ премиерно во сабота

Со премиерна изведба на претставата „Љубовна терапија“, Театар Куманово во сабота ќе го затвори годинешното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“. Билетите за премиерата и за првата реприза на 17- ти октомври се веќе распродадени, а во тек е продажбата и на билетите за третата изведба закажана за 18- ти месецов.

„Љубовна терапија“ ќе го затвори натпреварувачкиот дел од фестивалот „Денови на комедија“, а во недела свечено ќе бидат доделени признанијата на најдобрите од оваа издание, по што ќе игра претставата „Обвинителка“.

 

Коментари

коментар(и)