Во „Киро Бурназ“ одбележан Светскиот ден на храната

Државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ денеска го одбележа Светскиот ден на храната, 16 октомври, под мотото „Право на храна за подобар живот и подобра иднина. Никој да не биде изоставен“. Манифестацијата се одржува по десетти пат, а годинава храната подготвена од учениците и наставниците од стручните образовни профили беше изложена во холот на училиштето.

Да се зголеми свеста за опасностите од глад, е само една од пораките по повод Светскиот ден на храната.

Светскиот ден на храната се одбележува секоја година на 16 октомври кога во 1945 година е основана Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Овој ден има за цел да ја подигне свеста за глобалниот проблем со гладот и да повика на колективна акција за градење одржлива иднина за храната, луѓето и планетата.

Стотици настани во над 150 земји го прават Светскиот ден на храната еден од најпознатите денови во календарот на Обединетите нации, со активно учество на јавноста, владите, локалните заедници, приватниот сектор, граѓанските организации, младите и медиумите.

За денешниот настан повеќе информации од изјавата на директорката Весна Трајковска во вестите во 18 и 22 часот.

 

Коментари

коментар(и)