Педесет и четиригодишне пешак од село Лопае се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило возило, информира полицијата. Несреќата се случила вчера на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Липково и локален пат за село Лопате, откако патничко возило „опел зафира“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.И.(28 години ) од село лупчане, липковско, удрило во Љ.М.(54 години) од село Лопате. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.