Гробиштата во населба Карпош – децениски проблем

Претставници на месното население од Карпош вчера оствариле средба со надлежните од општина Куманово во врска со деценискиот проблем за управување и проширување на постоечките гробишта во населбата.

Според објава на ФБ, претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска од страна на Советот е направен обид да се изнајде решение за проблемот кој е голем, реален и датира од 2005 година кога е укината постоечката урбанистичка документација за оваа населено место и е направен вакуум простор до донесувањето на новиот ГУП во кој населбата ќе стане дел од градот и Советот може да донесе Одлука со која гробиштата ќе се дадат на управување на ЈП, а земјиштето планирано за нови гробни места ќе може да се експроприра. Свои ставови за решавање на проблемот  на состанокот искажале советници од Советот на општина Куманово, Секретарот на општина Куманово, раководители на повеќе сектори, в.д. директорот на ЈП,,Чистота и зеленило”.

Ѓорѓиевска пишува дека претставниците биле запознаени со напорите кои се прават да се изработи генералниот урбанистички план, но биле дадени и неколку преодни предлози за решавање на проблемот, како и превенирање на поголем проблем поради нелегални активности на тој потег.

Советничката Елена Божиновска Доцевска на својот фејсбук профил пишува дека по неколкукратни работни средби вчера претставниците на засегнатите граѓани биле запознаени со фактичката состојба:

1. ЈП „Чистота и зеленило” од страна на Советот не може да биде задолжено за преземање и стопанисување и одржување на постоечките гробишта од причина што се наоѓаат на приватни парцели;

2. За жал, за населбата Карпош не постои никаква урбанистичка документација (не е опфатена со постоечки ГУП) што е пречка да се спроведе постапка за експропријација како парцелите би биле во сопственост на РМ и како би можело јавното претпријатие да се задолжи;

3. Во тек е изработка на нов ГУП на општина Куманово во кој населбата ќе биде опфатена и во кој постоечките гробишта ќе се вклопат, по што ќе може да се реализираат потребните постапки за да може во целост да се одговори на барањата на засегнатите граѓани.

 

Коментари

коментар(и)