Две лица потешко повредени во сообраќајна незгода

Во сообраќајна незгода која се случила на крстосница од магистралниот пат Куманово- Крива Паланка и регионален пат Ранковце-село Герман потешко се повредени две лица.

Полицијата информира дека незгодата се случила вчера во 13 часот, помеѓу патничко моторно возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од К.К.(59 години) од Крива Паланка, и товарно моторно возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(53 години) од село Костурино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот К.К. и неговата сопатничка Р.К. (31 година ) од Крива Паланка. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Коментари

коментар(и)