Деца со посебни потреби го посетија градскиот базен

Корисници на дневниот центар за деца со посебни потреби кој е под Министерството за труд и социјална политика, а се наоѓа во близина на поранешен Чик, денеска го посетија градскиот базен. Посетата е во рамки на активностите по повод 3-ти декември, Светскиот ден на лицата со попреченост.

-Сакавме да го одбележиме нивниот ден, имаме торта, сокчиња и тие да се дружат со нас. Меѓу децата има многу заинтересирани што сакаат да видат како изгледа базенот, така што се многу среќни. Им го покажавме внатрешниот дел на базенот, беа на трибинскиот простор, заинтересирани се, се сликаа, мислам дека овој ден ќе им остане во сеќавање. Треба да се социзијализираат, да бидат меѓу нас. Се надевам дека ќе имаме почесто вакви дружби во иднина-истакна Стефан Димитријевиќ, од секторот маркетинг при Градскиот базен.

Меѓу редовните посетители на затворениот градски базен се и лицата со попреченост. Управата на јавното претрпријатие Чистота и Зеленило, кое стопанисува со градскиот базен, одлучи за овие лица влезот да биде бесплатен. Со нив работат инструктори, а обезбедени се и доволен број помагала.

 

Коментари

коментар(и)