ДЗС: Издадени се 18 одобренија за градба во мај годинава во Куманово

18 одобренија за градба се издадени во Куманово во текот на мај годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број, во 12 случаи како инвеститори се јавуваат физички лица, а останатите се правни лица. Вкупната вредност на инвестициите е 458.078 илјади денари.

Во истиот период на ниво на државата издадени се 260 одобренија за градба, од нив во 141 случај (54.2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а 119 (45.8 %) – деловни субјекти. Исто така, од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 133 (51.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 54 (20.8 %) за објекти од нискоградба и 73 (28.1 %) за објекти за реконструкција.

Коментари

коментар(и)