Потпишување на Иницијатива за формирање нов политички субјект – „Движење ЗНАМ – За наша Македонија“

Актуелниот градоначалник на општина Куманово и идејниот творец на граѓанското движење Максим Димитриевски, ги поканува поддржувачите, пријателите и граѓаните да се придружат на граѓанската иницијатива и да присуствуваат на настанот по повод Иницијативата за формирање на новиот политички субјект на македонската политичка сцена, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, вечерва со почеток во 20 часот во хотел Холидеј Ин во Скопје.

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија има за цел да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните, и да се стави целосно во служба на Македонија, се вели во соопштението испратено до медиумите.

На настанот се предвидени обраќања на говорници, како и потпишување на Иницијативата од страна на претставници на сите 10 граѓански здруженија од Македонија, заедно со идејниот творец на граѓанското движење, Максим Димитриевски.

По завршување на настанот е предвидена изјава за медиуми.

Коментари

коментар(и)