Димитриевски на средба со претставници од Меѓународна организација за миграции

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски вчера остварил средба со делегација од Меѓународната организација за миграции – ИОМ.
Повод за работниот состанок била посетата на претставници од организацијата од Белгија, кои работат на Програмата за асистирано доброволно враќање и реинтеграција со претставници од Владината агенција за миграции – ФЕДАСИЛ. Тема на средбата била реинтеграција на повратниците од државите на ЕУ и нивните потреби. Се разговарало за постоечките фактори кои придонесуваат за заминувањето во странство и за причините за повторно напуштање на земјата откако ќе се вратат како неуспешни баратели на азил. Изнесени биле размислувања и можности за соработка со повратниците од ромската етничка заедница. Се анализирале и спроведените активности на ИОМ за поддршка на Прифатно- транзитниот центар во Табановце.

Коментари

коментар(и)