Дурмиши: Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната од понеделник

Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук и овошје се само дел од производите кои ќе бидат на листата од 100-те основни прехрамбени и земјоделски производи на акциската кошничка, информираше министерот за економија Бесарт Дурмиши.

Тој во изјавата за медиуми исто посочи дека ќе се прави ограничување на цените во одредено ниво или ограничување на маржата од пет  до 15 проценти. Овие акциски кошнички ќе продолжат и во наредниот период, ќе има велигденска, рамазанска, зимска.

Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната од понеделник, како и замрзнувањето на цените и ограничувањето на  маржите, најави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Оваа мерка ќе биде доставена следната недела  до владата со цел да се усвои и како што изјави Дурмиши веднаш ќе се започне со процедура да се почитува таа мерка.

Во меѓувреме, „плафон“  цени на земјоделските прехранбени производи, без разлика каде купувате, дали на пазарите, во маркетите или во помалите продавнички. Црвениот домат се продава по цена од 80 до 120 денари, компирот од 40 до 50 денари, килограм лута пиперка – 100 денари, а благите пиперки – 120 денари. Тиквицата се продава по 20 денари парче, а во маркетите е 50 до 60 денари за килограм, модриот патлиџан се продава по 200 денари за вреќа со просечна тежина од 6 до 7 килограми, везениот пипер се продава по цена за 100 денари.

 

Коментари

коментар(и)