Завршени реконструциите во објектите на Здравствен дом

Целосно се завршени реконструкциите на трите објекти на Здравствен дом. Нов лик добија вакциналниот пункт во популарно наречениот уред, итната помош и амбулантата во Тоде Мендол. Инвестицијата е со сопствени средства на установата, но надлежните укажуваат и на поддршката од Фондот за здравствено осигурување Куманово. Во тек е и тендерска постапка за набавка на нов мебел во сите објекти. Повеќе од изјавата на директорот на оваа здравствена установа по 18 часот!

Коментари

коментар(и)