Започна детскиот ликовен камп „АСНОМ“

Во ресторан „Грација” денеска започна овогодинешното издание на Детскиот ликовен камп „АСНОМ” – Куманово 2023.

Од Фондацијата за култура и спорт информираат дека годинава има вкупно 25 учесници, ученици од основни општински училишта, како и учесници од „Дневен центар” за лица со посебни потреби и регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша”.

На кампот присуствуваат и две менторки, професорки по ликовна уметност, како и медицинско лице за дополнителна безбедност на учесниците.

Детскиот ликовен камп ќе трае вкупно четири дена, а во четврток во 12 часот во ресторан „Грација” ќе бидат изложени сите дела настанати за време на кампот.

Коментари

коментар(и)