Со денешното примопредавање на опремата за инсталација на соларните светла на одредените локации во општина Куманово, започнаа активностите во рамките на проектот „Улично осветлување“.
Договорот беше потпишан помеѓу општина Куманово и Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ од Скопје.
За реализација и монтажа е ангажирана фирмата ИЦС Системи, јавен приватен партнер на општината, чија функција е одржување и унапредување на уличното осветлување.
Во акцијата доброволно ќе учествуваат и претставници од ромската заедница, бидејќи опремата за осветлување ќе биде поставена на локации каде што претежно живеат припадници на оваа етничка заедница.