Зачестија онлајн измамите со биткоини во Куманово

59 – годишна жена вчера пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 88.338 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавата, лицето и се претставило дека е од „агенција за биткоини“ и ѝ кажало дека на нејзината сметка има биткоини во вредност од 900.000 денари и побарало од неа да му го даде бројот од нејзината трансакциска сметка за да ѝ ги префрли парите.

Како што е пријавено, за да може да и ги префли парите требало да има одредена сума пари на сметката, а откако пријавителката подигнала брз кредит парите и биле повлечени од сметката, но не добила надомест за биткоините.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)