Зголемен бројот на цревни заболувања кај децата

Периодов зголемен е бројот на цревните заболувања, особено кај доенчињата и децата до двегодишна возраст, информираат надлежните од Одделот за детски боелсти во кумановската болница. Лекарите велат, нема причина за паника. Вообичаено е за летните месеци да преовладуваат овие цревни заболувања со симптоми на дијареа, блага температура. Препорачуваат повисок степен на лична хигиена, но и полесна храна, овошје, зеленчук, вода, пробиотици.

Коментари

коментар(и)