Зоран Арсовски – Бабата избран за претседател на стручната жири комисија на lX Меѓународно биенале на минијатура во Русе

Совремниот академски визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата ќе биде претседател на стручната жири комисија на lX Меѓународно биенале на минијатура „Уметноста на минијатурата”. Жирирањето ќе се одржи во периодот од 28 – 30 септември годинава во Русе, Бугарија. Организатори на овој Меѓународен биенален настан на минијатура се „Уметничката Галерија Русе” – Бугарија, од каде најавуваат многу силна конкуренција на веќе пристигнатите уметнички дела на уметници од целиот свет. Ова е еден од најзначајните настани за уметноста на минијатурата, којашто по својата тежина е една од најтешките дисциплини во уметноста бидејки бара многу прецизност и уметничка креативност, која носи силни пораки коишто многу кажуваат на малото сликарско платно. Арсовски во последните неколку години имаше свои самостојни проекти и изложби на минијатури во повеќе држави пред меѓународната јавност кои беа изложени во повеќе познати уметнички галерии коишто привлекоа големо внимание и оставија силен впечаток на пошироката јавност. За творештвото на Арсовски се напишани бројни рецензии и уметнички критики од страна на стручните домашни и странски историчари на уметноста, кои го следат неговиот уметнички пат и го препознаваат преку многубројните современи, концептуални изложби преку кои тој ги пренесува неговите пораки кои живеат на уметничкото платно, со оригинален и препознатлив сопствен стил. Тој досега има реализирано 15 самостојни изложби и учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, уметнички фестивали и симпозиуми во земјава и странство.

За својата работа има добиено повеќе награди, признанија и дипломи.

Коментари

коментар(и)