Изложба на уметниците Стефан Анчевски и Марија Трпеска во Велес

На 20 октомври ( петок) во 19 часот во Ликовниот салон  на Народен Музеј Велес ќе биде отворена самостојната  изложба „Матијас (беш)е тука“ на уметниците Стефан Анчевски и Марија Трпеска. Станува збор за изложба којашто на своевиден начин документира дел од животот на Матијас Александар Божинов, трагично починат во времето на своите академски години.
Двајцата автори низ серија фотографии го рефлектираат интимното доживување на времето и местата на битисување со нивниот драг пријател и колега. Донесуваат аспекти од нивните животи во една кохезивна целина, одухотворена со последното дело на Матијас што претставува скулптура направена непосредно пред неговата смрт. Средбата со овие фотографии упатува кон единство во кое рефлексивното се преплетува со емотивното, кон моралната и социјалната смисла на креативниот чин.
Стефан Анчевски (Куманово, 1993) е визуелен и мултимедијален уметник.  Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Анчевски реализирал 7 самостојни изложби и учествувал на повеќе од 80 групни изложби и прикажувања во земјава и странство. Член на ДЛУБ и ДЛУМ. Во 2014 и 2023 година добитник е на прва награда „TrashForArt“.

Коментари

коментар(и)