Исплатена платата на вработените во градинката „Ангел Шајче“

Вработените во кумановската градинка „Ангел Шајче“ зедоа плата, штрајкот е вон сила, соопштија денеска од регионалниот одбор на СОНК и синдикалната организација. Вработените протестираа два дена, првин пред градинката, а потоа и пред општинската зграда заради неисплатена јунска плата.

– Благодарни сме на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), претседателот Јаким Неделков, институциите кои го решија проблемот и на медиумите. Остануваме посветени на решавање на синдикалните барања на членството. Немаше политика во протестот, баравме исплата на плата, загарантирано право на секој вработен, изјави претседателката на регионален одбор на СОНК и претседател на синдикална организација во градинката, Цветанка Митевска.

Коментари

коментар(и)