Кик боксерот Данило Методиевски е светски вицешампион во својата категорија

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски вчера оствари средба со кик боксерот Данило Методиевски и неговиот тренер Јован Крстевски, кои што од 27 септември до први октомври годинава учествуваа на Светскиот кик-бокс куп во Лидо ди Јесоло, Италија.

На средбата градоначалникот Максим Димитриевски му честиташе на Методиевски за освоениот сребрен медал, со кој се закити младиот кик-боксер во категоријата – постар кадет до 63 килограми. Тој се бореше во конкуренција на 12 кик-боксери во својата категорија.

– Општина Куманово ќе продолжи во континуитет да го поддржува неуморниот труд на нашите млади спортисти, кои редат значајни резултати на интернационално ниво, стои во соопштението на Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)