Кривична пријава за нотар од Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43 -годишна кумановка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавената, нотар за подрачје на Основен суд Куманово, заверила договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу граѓанин на Велес како продавач и две лица од Куманово како купувачи, а врз основа на договорот направила потврда за солемнизација и на тој начин постапила спротивно на Закон за сопственост и други права, бидејќи како сопственик на имотот, покрај лицето од Велес, се јавуваат и едно лице од Куманово и државата Република Северна Македонија, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)