Кумановец измамен за 18.000 денари

41-годишен кумановец во полицијата пријавил измама од 18.000 денари. Според пријавеното, откако на социјална мрежа забележал оглас со кој се бараат работници за работа во странство, пријавителот преку социјална мрежа остварил контакт со женско лице, кое  побарало од него во неколку наврати да уплати пари на трансакциска сметка во вкупен износ од 18.085 денари.

Како што е наведено во пријавата, по последниот остварен контакт на 23-ти јуни, пријавителот во повеќе наврати се обидел да ја контактира, но таа не одговарала на неговите пораки, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)