Кумановец позајмил автомобил, па не сакал да го врати и се заканувал

Кумановец ќе добие кривична пријава затоа што откако позајмил автомобил, не сакал да го врати и се заканувал на сопственичката. СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”. Пријавениот, врз основа на довербата од една кумановка, земал за употреба патничко возило „опел корса“, а откако таа побарала да ѝ го врати возилото, пријавениот одбил и почнал да ѝ се заканува, соопшти полицијата.

Коментари

коментар(и)