Кумановец приведен поради упатување закани

Четириесетгодишен кумановец бил приведен викендов од полициски службеници постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани кон 32- годишна жена од Куманово, информираат од министерството за внатрешни работи. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Како што соопшти МВР, во одделен случај, триесет и шестгодишна кумановка викендов била физички нападната во дворот од нејзината куќа од страна на поранешниот сопруг. По целосно документирање на случајот, како што додаваат од МВР, ќе следува соодветен поднесок.

Уште еден настан од билтенот на МВР.

Заталкано зрно од огнено оружје оштетило „ауди“ кое било паркирано во двор на педесет и деветгодишен жител на кумановското село Романовце. Возилото било со швајцарски национални ознаки. Полициски службеници од СВР Куманово го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)