Кумановец се обидел да обљуби сограѓанка

Во полициската станица во Куманово викендов бил извршен службен разговор со 47-годишен жител на кумановско, по пријава од страна на 49-годишна жена, според која, тој на 21 септември годинава во Куманово се обидел да изврши обљуба врз неа, информираат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму додаваат дека по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Коментари

коментар(и)