Кумановец со тврд предмет ја нападнал својата ќерка

Кумановец со тврд предмет ја нападнал својата ќерка, поради што бил приведен од полицијата.

Според СВР Куманово, вчеравечер  околу 22 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода  47-годишен маж од Куманово затоа што со тврд предмет ја нападнал неговата ќерка.

Како што додаваат од полицијата, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Коментари

коментар(и)